Утрински Весник
Спорт

Хенес: Нема да биде лесно во наредните 10 години, Саудијците купувуваат се што ќе посакаат

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Поранешниот прв човек на Баерн Минхен, Ули Хенес (71) е загрижен за тоа што го прави Саудиска Арабија во последните месеци. Оваа земја во своите клубови носи големи ѕвезди на светскиот фудбал. Ги убедува со неверојатно високи плати. Хенес тврди дека ова е огромен проблем за иднината на фудбалот.

dobivaj vesti na viber

Ули Хенес со години беше на чело на Баерн Минхен. Легендарниот спортски работник испрати бројни ѕвезди низ клубот, направи бројни трансфери со сите се движеа во границите на реалноста.

Тој смета дека потезите на Саудиска Арабија би можеле да бидат сериозен проблем. За нестварни плати во оваа земја веќе се преселија Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’Голо Канте…

Хенес ја препознава големата опасност од огромните договори. Тој смета дека всушност целиот свет ги финансира овие трансфери.

„Не е проблем само Манчестер сити, туку се што доаѓа од Блискиот Исток. Многу сум загрижен за тоа што прави Саудиска Арабија. Се чини дека тие имаат неисцрпен извор на пари. Сите ние ова го плаќаме со високите вени на горивата“, изјави Хенес и дополни.

„Нема смисла да се жалиме. Мораме да најдеме начин да се спротивставиме на ова. Нема да биде лесно во следните 10 години, гледата дека куповаат што сакаат“.

Хенсе оваа изјава ја даде откако германските медиуми објавија дека тројца играчи од генерацијата која стана светски првак во 2014: Тони Крос, Томас Милер и Марио Геце, ги одбиле сите понуди од Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина