Утрински Весник
Економија

Вработените во „Фени“ пак на улица, преку протести бараат поголема плата и исплата на К 15 од 2022 година

Вработените во „Фени“ пак на улица, преку протести бараат поголема плата и исплата на К 15 од 2022 година

Вработени во „Еуроникел“, поранешна „Фени“, повторно протестираат како пред шест години кога беше прогласен стечај, па потоа фабриката ја презеде швајцарскиот фонд ГСОЛ преку македонскиот претставник „Еуроникел индустри“. Бараат поголеми плати, исплата на заостанатата рата од К 15 за 2022 година, покачување на К 15 за оваа година и негова еднократна исплата.

dobivaj vesti na viber

Денешниот протест го нарекоа предупредувачки и најавија дека ќе протестираат пред влезот на фабриката секој ден во периодот од 13 до 14 часот до исполнување на барањата.

Одлуката за протест Синдикатот едногласно ја донел на 1 јуни.

„Од страна на членовите на собранието беше изразено огромно незадоволство од дадениот одговор по однос на барањата, што резултира со носење едногласна одлука за почнување протести без запирање на производствениот процес, со место на одржување пред капијата за влез во фабриката, и тоа секој работен ден во траење од еден час, помеѓу 13 и 14 часот“, стои во известувањето од Синдикатот.

Од „Еуроникел“ немаше официјална реакција по денешниот прв предупредувачки протест.

Вработените пред еден месец алармираа за состојбите во фабриката. Укажаа дека стравуваат оти ќе биде затворена бидејќи не се носат руда и репроматеријали, нема производство и се шират муабети за нов стечај по што следуваа состаноци со дел од управата, на кои беа пренесени истите барања како и од денешниот протест.

Можете да прочитате

ЕБОР: Инвестирани 151 милиони евра во 2024 година во Северна Македонија

„Црн петок за маркетите“ – повик за нов бојкот

Додека се наполни потрошувачката кошничка, ќе „испари“ зголемувањето на минималната плата