Утрински Весник
Свет

Поранешната шкотска премиерка се огласи по ослободувањето: „Невина сум“

Уапсена поранешната премиерка на Шкотска

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен изјави дека била шокирана и под голем стрес кога била уапсена и ослободена вчера, додавајќи дека е невина за истрагата за финансиски малверзации на Шкотската народна партија (СНП).

dobivaj vesti na viber

„Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарна сум што многумина продолжија да покажуваат верба во мене. Го ценам тоа, никогаш не би направила ништо за да и наштетам на СНП или на земјата. Очигледно, со оглед на целиот овој процес, не можам да навлегувам во детали. Сепак, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не сум сокрила“, напиша Старџен на Твитер.

Таа додаде дека невиноста не е претпоставка и дека е должна да го почитува законот.

„Знам без трошка на сомнеж дека сум невина, не сум направила ништо незаконско. Многу луѓе ми испраќаа пораки со поддршка во изминатите недели, вклучително и денес. Ви благодарам за вашата добрина. Ви благодарам на моето најблиско семејство и пријателите кои ми ја даваат потребната поддршка во овој момент. Ќе ми требаат ден или два за да ги процесирам најновите случувања“, додаде таа.

Старџен рече дека планира да се врати во парламентот каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи.

Таа беше ослободена од притвор без обвинение во очекување на понатамошна истрага откако беше уапсена вчера.

 

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес