Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски лаже кога вели дека сме го промениле ставот, уставни измени под бугарски диктат нема да има

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Ковачевски лаже кога вели дека ВМРО го променило ставот. Ставот на ВМРО е непроменет од самиот почеток. Промена на устав и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата според бугарскиот диктат нема да има, реагира опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

Во реакцијата се наведува дека промената може да биде ефективна само со завршување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, што практично би било кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.

„Промена на Устав заедно со членство во ЕУ. НЕ за бугарски диктат. Ковачевски лаже веќе една година дека обезбедил 2/3 за гласање на уставните измени според бугарски диктат. Димитар Ковачевски е големо разочарување и за меѓународната заедница, но што е поважно и за граѓаните во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека Ковачевски има историска шанса да прифати единство во преодна влада без ДУИ и има историска шанса да прифати еден од двата предлога што ги доби на лидерската средба од претседателот Мицкоски.

„Времето е скапоцено и изминува, потребна е одговорност и обединување околу македонските национални интереси или час поскоро избори. Неприфаќањето на предлозите на ВМРО може да е само поради две причини. Првата СДС не сака ДУИ да оди во опозиција. Втората е дека СДС врши предавство на националните интереси“, се вели во рекцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Падна група дилери: Запленета дрога, МВР и ОЈО разоткрија мрежа во Скопје и Куманово