Утрински Весник
Спорт

Уште еден кандидат за тренер на Наполи

Уште еден кандидат за тренер на Наполи

Наполи остана без тренер по шампионската титула која Неапол ја чекаше долги 33 години. Лучијано Спалети по несогласувањата со газдата Аурелио Де Лаурентис реши да го напушти клубот. Името на неговиот наследник се уште не е познат.

dobivaj vesti na viber

Неколку тренери се поврзуваат со Наполи, од поранешниот шпански селектор, Луис Енрике, преку актуелниот тренер на Фиорентина, Винченцо Италијано, до Руди Гарсија и Рафа Бенитез.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Де Лаурентис се сретнал со тренерот на Салернитана, Пауло Соуса, со кого разговарал за тактичките идеи на тренерот и за визијата на клубот.

Португалски стручњак има клаузула од 1.000.000 евра која важи до 20 јуни во случај некој клуб да сака да и го „грабне“ на Салернитана.

Поранешниот тренер на Фламенго ја презеде Салернитана во февруари и успеа да обезбеди опстанок со тимот што беше означен како голем успех.

По богатата фудбалска кариера, Пауло Соуса се одлучи да биде тренер, освои трофеи во Швајцарија, Макаби и Видеотон, додека во текот на кариерата ги водеше и КПР, Свонси, Лестер, Фиорентина, Тијанжин, Бордо, а беше и селектор на Полска.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност