Утрински Весник
Македонија

(Видео) ДПМНЕ да номинира претставници во работна група, да продолжи дијалогот за уставни измени, порача Кузеска

(Видео) ДПМНЕ да номинира претставници во работна група, да продолжи дијалогот за уставни измени, порача Кузеска

Членството во ЕУ е стратешка цел, врвен национален интерес и секоја партија треба да го даде својот придонес за доброто на земјата и на народот. СДСМ, како одговорна, државотворна партија го предводи евро-интеграцискиот процес. Но, подадовме рака и кон Мицкоски и ДПМНЕ за приклучување кон овој процес значаен за иднината на земјата, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада. Сега дијалогот треба да продолжи. СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници. Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира свои претставници и работните групи да започнат со работни средби што е можно поскоро.
Ги повикуваме во ДПМНЕ да ја прифатат подадената рака. Условите за одложена примена на уставните измени до втората меѓувладина конференција се прифатени“, вели таа.

ДУИ, како што рече, има јасна позиција потврдена на органите на оваа партија и подготвена е да отстапи во интерес на европската иднина .

Според неа, Македонскиот јазик и идентитет се заштитени, но и дополнителна гаранција очекуваме да се случи многу скоро.

„Затоа, сметаме дека има добра основа и дијалогот треба да продолжи за начинот на спроведување на уставните измени. Ние, како и целокупната јавноста, очекуваме Мицкоски да остане на ставот и преземените обврски и да остане во процесот. Нема никаква потреба да се дообјаснуваат јавно дадените изјави на Мицкоски.Тој кажа многу работи пред средбата а сосема различни работи на средбата и по завршување на средбата. Минатата среда сите го слушнавме Мицкоски како вели дека се согласува со предлогот на премиерот Ковачевски за уставни измени и учество во заедничка Влада, под одредени услови. Променетиот став е добро за државата и тоа треба да се поздрави, да не дозволиме да се пропушти оваа шанса“, оцени Кузеска.

Додаде дека доколку избега од процесот или повторно го промени ставот, тоа ќе биде уште едно од низата разочарувања.

„Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на сопствената држава“, рече таа.

Можете да прочитате

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка