Утрински Весник
Македонија

„Туризмот ќе страда“ – опозицијата бара итно да се отвори влезот на Охрид кој е затворен поради градежни активности

Министерството за транспорт реагира: Нема да дозволиме опструкции, автопатот кон Охрид се гради со потребната динамика

Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље-Охрид, изјави на прес-конференција во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион и ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион.

„Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион“, рече Грација Бакраческа.

Вели дека власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера, на штета на Охрид и охриѓани.

„Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно“, рече таа.

Опозицијата ги повика надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршување, да отпочнат со градежните активности на овој патен правец.

Можете да прочитате

Повторно опожарено возило на паркинг во Скопје

21 годишен пешак удрен од автомобил во Гостивар

Во изминатите 24 часа уапсени осум возачи