Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: ДУИ не е во позиција да поставува услови

Мицкоски: ДУИ не е во позиција да поставува услови

ДУИ не е во позиција да поставува услови, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за „Дојче Веле“, по најавата на ДУИ дека ќе излезат од влада само доколку веднаш се изгласат уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски, посочи дека на лидерската средба понудил два предлози на СДСМ и Димитар Ковачевски потенцирајќи дека СДСМ треба да се охрабри и да одговори дали ја прифаќа подадената рака која значи заштита на националните интереси.

„ДУИ не е во позиција да поставува услови. Доколку СДСМ навистина го прифати еден од предлозите, тоа се: Прво, завршување на процесот сега, со одложено важење кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе влезе во ЕУ, така го заштитуваме Уставот и идентитетот, нема дополнителни условувања и барања од Бугарија. ДУИ тоа го толкува поинаку, тоа е нивен проблем. Колку побргу заминат во опозиција, толку побргу на Македонија ќе и` тргне. Второ, избори наесен, поддршка на опозицијата во заштита на идентитетот многувековен, традиција, култура, обичаи и јазик пред европските институции од страна на опозицијата, економски пакет од Европската Комисија, имплементирање на пресудите од судот за човекови права во Стразбур за Македонците во Бугарија£, дециден е Мицкоски.

Додава дека имаат постојана комуникација со меѓународната заедница, и дека не би сакал да ги интерпретира нивните ставови: „Тоа го оставам да го кажат тие“, кажа тој.

Дециден е дека ВМРО- ДПМНЕ покажа конструктивност и грижа за иднината, која власта нема капацитет да ја валоризира.

„Од тој аспект – сите оние соопштенија дека ДУИ би се жртвувала за решение, но треба да се знае дека не одлучуваат ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти Владата. СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада“, прецизира Мицкоски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!