Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал сега тргнува по Нејмар!

Ал-Хилал сега тргнува по Нејмар!

Шампионот на Саудиска Арабија, тимот на Ал-Хилал, откако не успеа да го доведе Лионел Меси, сега се обидува да го ангажира Нејмар. Делегација на клубот во петокот пристигнала во Париз на преговори со ѕвездата на Пари Сен Жермен.

dobivaj vesti na viber

Нејмар добил понуда вредна 200 милиони евра по сезона, а исто така се подготвени да платат и 45 милиони евра отштета за ПСЖ.

Има информации дека овој клуб упатил понуда и до тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Претходно, Ал-Хилал му понуди 1,2 милијарди евра на Лео Меси за тригодишен договор, но Аргентинецот избра да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.

Паралелно, Карим Бензема отиде во уште еден од водечките клубови, Ал-Итихад.

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот