Утрински Весник
Свет

(Видео) Бродот во пламен, исчезнати се туристи – патување низ Црвеното море се претвори во кошмар

(Видео) Бродот во пламен, исчезнати се туристи – патување низ Црвеното море се претвори во кошмар

Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени кога брод се запали денеска во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетските власти и безбедносни извори.

dobivaj vesti na viber

Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра заедно со 12 египетски членови на екипажот и водич, изјавија за Ројтерс од канцеларијата на гувернерот и два безбедносни извори.

Канцеларијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од електричен краток спој на бродот, кој бил на пат северно од Марс Алам од 6 јуни.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти, како и дека е вклучено во давање поддршка на граѓаните.

Можете да прочитате

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“