Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска во Киев рече дека Канада ќе испрати нова воена помош за Украина во вредност од 375 милиони долари.
Трудо на прес-конференција, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека Канада ќе учествува во мултинационалните напори за обука на украинските борбени пилоти, објави Ројтерс.
Трудо кажа дека минатата година Канада запленила товарен авион Антонов во руска сопственост, кој слетал на канадска територија и дека процесот на испорака на тој авион во Украина е започнат.
Премиерот на Канада денеска пристигна во ненадејна посета на Киев, објави канадската ТВ станица CBC.
Заедно со Трудо, во посета на Украина е и канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд.
Трудо положи венец на меморијалниот ѕид на украинските војници кои загинаа во судирите со проруските сили од 2014 година, објави Ројтерс.
Тоа е втора посета на канадскиот премиер на Украина од почетокот на руската воена агресија во февруари 2022 година.
Трудо го посети Киев во мај минатата година.