Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Милошоски: Да не губиме време, СДСМ нека кажат кој од двата предлози го прифаќаат

Милошоски: Да не губиме време, СДСМ нека кажат кој од двата предлози го прифаќаат
300x250 opst2

Социјалдемократскиот сојуз треба да каже кои од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време. Ова го истакна пратеникот, Антонијо Милошоски, коментирајќи ја најавата за формирање на работни групи во СДСМ за преговорите со опозицијата за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Милошоски ги повтори предлозите што неделава на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во таа прилика, Мицкоски како услови за прифаќање на уставните измни повика на формирање на преодна влада без ДУИ, односно излегување на ДУИ од сите ешалони, како и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ.

Милошоски образложи дека на тој начин би добиле како држава гаранција дека и Бугарија ќе биде активно заинтересирана за наше вклучување во ЕУ, и дека Македонија ќе добие одредена извесност дека нема да има понатамошни бугарски ирационални блокади.

Еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ е и предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми за кои што СДСМ би требало да размислат кога би се одржале во септември или октомври, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија.

Дополнително, како што објасни Милошоски, по изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет за подобар стандард во државата од страна на Европската Комисија, кој што ќе значи припрема и на стопанството и на граѓаните за конкурентност во самата ЕУ. Од Бугарија заради добрососедство би побарале исполнување на 3 пресуди од ЕСЧП во Стразбур кои што се веќе правосилни, по избор на официјална Софија.

„И двата предлози, и првиот и вториот напоменуваме опфаќаат детронизирање на ДУИ, бидејќи тие се 20 годишен вирус кој ги атрофира институциите со висока корупција и голема неефикасност. ДУИ не е повеќе во позиција да условува, тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека тоа ќе биде корисно за институциите и за довербата на граѓаните во државата. Високата корупција мора да се соочи со одговорност, а во рамките на ДУИ истата постои на големо“, рече Милошоски.

Формирање на работни групи, заклучи тој, би имало смисла само доколку СДС јасно каже, кој од овие два предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив.

 

Можете да прочитате

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго