Утрински Весник
Спорт

Инзаги ги разрешил дилемите за тимот на Интер што ќе игра против Сити

Инзаги ги разрешил дилемите за тимот на Интер што ќе игра против Сити
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интер и Манчестер Сити утревечер ќе играат во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул. Англискиот шампион е голем фаворит, но италијанскиот тим се надева дека може да стигне до трофејот.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Симоне Инзаги сигурно има план како да се му се спротистави на ѕвездениот тим на Пеп Гвардиола, а „Скај Спорт“ ги откри неговите намери.

Инзаги по последниот тренинг донел одлука за стартните единаесетмина. И покрај несогласувањата со Босанецот, Един Џеко ќе добие предност од првата минута пред Ромелу Лукаку. Белгиецот ќе чека шанса од клупата и најверојатно ќе влезе во второто полувреме.

Во средниот ред улога на стартер ќе добие и Марсело Брозовиќ пред Хенрик Мхитарјан, а со него ќе играат Николо Барела и Хакан Чалханоглу. Мхитарјан беше стартер на сите натпревари во нокаут фазата, но само што се опорави од повреда и сега останува на клупата.

Веројатен состав на Интер: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Димарко, Мартинез, Џеко.

Можете да прочитате

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk