Утрински Весник
Магазин

Дрејк ја предводи листата номинирани за БЕТ наградите

Дрејк ја предводи листата номинирани за БЕТ наградите
Dik 300x250 mk

Дрејк ја предводи листата на номинирани за „БЕТ авордс“.

dobivaj vesti na viber

36-годишниот рапер е номиниран за седум гонга на претстојната церемонија на доделување награди, вклучително и за најдобар машки хип-хоп изведувач и најдобар машки аренби/поп изведувач.

Пејачот од врвот топ-листите, кој издаде заеднички албум со 21 Севиџ во ноември, Her Loss, исто така е номиниран во категориите: најдобра група, најдобра соработка, албум на годината и избор на гледачите.

ГлоРила е номинирана за шест гонга.

23-годишната раперка, чие вистинско име е Глорија Вудс, е меѓу кандидатите за албум на годината, најдобра соработка, најдобар женски хип-хоп изведувач, видео на годината и најдобар нов изведувач.

Сепак, ГлоРила ќе се соочи со остра конкуренција за наградата за најдобар женски хип-хоп изведувач од Карди Би, Кои Лереј, Ијс Спајс, Меган ди Сталион и Ники Минаж.

Наградите БЕТ („Блек ентертејнмент телевижн“) им оддаваат чест на Афроамериканците и на членовите на другите заедници. Победниците ги избираат членовите на БЕТ академијата, која ја сочинуваат професионалци, новинари и фанови.

Можете да прочитате

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)

Денеска се празнува Светиот маченик Арета