Четири мали деца и едно возрасно лице се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично објави дека осум деца се повредени.
Животите на три жртви се во опасност, според агенциите. Според британската агенција „Ројтерс“, станува збор за три деца, а според француската новинска агенција „АФП“, во прашање се две деца и еден возрасен маж.
🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah
— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023
Децата се на околу три години, соопшти полицијата.
Attaque au couteau à Annecy: l’interpellation de l’agresseur filmée par un témoin pic.twitter.com/Q0EHJypyRr
— BFMTV (@BFMTV) June 8, 2023
На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа како родители го фаќаат напаѓачот по нападот.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека напаѓачот е уапсен.
Телевизијата „БФМ“ јави дека нападот се случил во парк во близина на езерото Анеси околу 9:45 часот и дека напаѓачот бил сириски барател на азил.
Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х, сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.
Се уште не се јасни точните околности на нападот.
Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот, рече Дарманин.
Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утринско излегување кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде.
Некои деца биле во колички, јавува „Би-Би-Си“.
Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, а подоцна нападнал постар човек кој се движел во близина.
Во тој момент интервенирала полицијата, а напаѓачот бил застрелан во нозете и совладан.