Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема уставни измени без зачуван идентитет и јазик

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната лидерска средба, партијата ја коментира како победнича опција.

dobivaj vesti na viber

„Македонија во ЕУ и зачуван идентитет, на Ковачевски поважно му е ДУИ да не биде опозиција, отколку Македонија да оди напред.

Претседателот Мицкоски даде 3 можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ како победник е спремен да формира влада со сите партии освен со ДУИ, која ќе биде влада на широко национално единство.

Целта на владата ќе биде зачувување на Македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ. Имено претседателот Мицкоски лично ќе разговара со неколку премиери на земји членки на ЕУ, на следниот Совет да изгласаат потврда или гаранција за Македонскиот идентитет, јазик и култура, да не бидат оспорувани. Со таквиот документ да се излезе пред граѓаните и да се потврди дека имаме јасна потврда и дека ЕУ застанува зад заштита на нашиот многувековен идентитет, јазик, култура и историја.

Дополнително да се побара од Европската Комисија пакет за поддршка на Македонските граѓани и бизнис во процесот на преговори, а со цел подобрување на нивната конкурентност на европските пазари во пресрет на интеграцијата.

Како трета точка претседателот Мицкоски потенцира дека добрососедството мора да биде двосмерна улица. И така треба да се повика Бугарија, доколку е за европски вредности. Од вкупно 13 пресуди на ЕСЧП, од кои 6 се правосилни, да избере кои 3 ќе ги имплементира, со тоа ќе покаже дека навистина има добрососедство и дека нашинците во Бугарија се заштитени.

За да се реализира планот за заштита на Македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ преку овие точки потребни се избори, бидејќи јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово