Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот на делницата Градско – Прилеп

Во вторник, времена забрана на сообраќајот на потегот од Стража до тетовски Групчин

Сообраќајот на Делницата Градско – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Поради асфалтирање на ден 08.6.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско (излез на Градско кон Неготино) од 08:00 – 18:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола