Утрински Весник
Магазин

Повторно русокоса: Нов имиџ на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли се врати во русокоса.

dobivaj vesti na viber

Холивудската ѕвезда (48) е фотографирана со прамени во боја на мед кои потсетуваат на нејзината ера на блондинка од 90-тите, отфрлајќи ја својата препознатлива нијанса на темно чоколадо.

Актерката имаше сличен изглед во психолошката драма „Девојка со пореметување“ (Girl Interrupted) од 1999 година, каде ја глумеше антагонистката Лиса Роу – бунтовен, но харизматичен социопат.

А сега, мајката на шест деца е фотографирана додека работи на својата нова колекција со „Клое“, на две фотографии објавени од модната куќа.

На една фотографија е во елегантен црн фустан без ракави со исправена коса додека работи со тимот на претстојната модна палета.

Холивудската икона соработува со француската луксузна модна куќа на создавање одржлива палета Atelier Jolie, која заедно ја дизјанираат Анџелина и креативната директорка на Chloé, Габриела Харст.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески