Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Директорот на психијатриската болница во Бардовци згрозен од тепањето на пациентот, и самиот признава дека болницата не била безбедна

(Вознемирувачко видео) Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“
Img 7972

Директорот на психијатрсиската болница во Бардовци,  Мухсин Арифи,  се огласи по видеото на кое пациенти тепаат новодојдено лице во установата.

dobivaj vesti na viber

Директорот образложи дека станува збор за пациенти сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд, осносно лица кои сториле кривични дела како убиство и обид за убиство.

„Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови. Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени ситe безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните инситуции кои во моментот се грижат за безбедноста“, рече директорот.

Додаде дека очекува во најкраток рок институциално решавање на случајот, а во меѓувреме започнал со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел, вели директорот, е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање.

„Макфакс“ објави вчера вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент.

На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.

„Седи тука, воспитни! Така се пречекуваат новите гости“, се слуша на видеото.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии