Утрински Весник
Култура

Промоција на романот „Прости му на ѕверот“ од академик Божин Павловски

Промоција на романот „Прости му на ѕверот“ од академик Божин Павловски

Во паркот на Матица Ексклузив денес седми јуни во 12 часот академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и академик Катица Ќулавкова, наш врвен поет и есеист, ќе го промовираат романот “Прости му на Ѕверот” од академик Божин Павловски. Тоа е третиот том на неговата “Трилогија на вознесот” во која се и романите “Мемоари на задоцнетиот романтичар” и “На пат за Ахасферија”.

dobivaj vesti na viber

Водител на програмата ќе биде актерката Арна Шијак.

„Прости му на Ѕверот” е 30-то книжевно дело на академик Божин Павловски. Покрај 24 романи, тој е автор на две книги со кратки раскази, три тома записи и колумни, како и на патописната проза „Македонците отаде Екваторот”, според која беше снимен филмот „Австралија, Австралија” кој во 1976 година беше апсолутен победник на Меѓународниот фестивал во Белград (Гран при за режисерот Столе Попов, Гран при за сценариото на Божин Павловски, Гран при за камерата на Бранко Михајловски и Гран при за продуцентот “Вардар филм”). Романите на Божин Павловски досега имаат стотина изданија на други јазици и многу повеќе на неговиот мајчин македонски јазик. Повеќето од тие дела се достапни на глобалниот англиски пазар во дигитална верзија преку едициите на „Киндл букс”.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“