Утрински Весник
Спорт

Бензема потпиша две годишен договор со Ал Итихад

Бензема потпиша две годишен договор со Ал Итихад
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема, потпиша договор со Ал Итихад до 30 јуни 2025 година, со можност за продолжување на уште една сезона.

dobivaj vesti na viber

Реал објави дека Бензема решил да го напушти мадридскиот клуб, откако помина 14 години на Сантијаго Бернабеу.
Шпанскиот клуб во соопштението наведе дека е постигнат договор со 35. годишниот француски напаѓач „да се стави крај на неговиот голем и незаборавен престој во клубот“.

Бензема постигна еден гол за Реал на натпреварот од последното коло на Ла Лига против Атлетик Билбао (1:1), а потоа се прости од навивачите.

Ал Итихад во следните неколку дена официјално ќе објави дека Бензема е новиот напаѓач на клубот од Саудиска Арабија.

Французинот во Ал Итихад ќе има годишна плата од 200 милиони евра по сезона, а во таа бројка ќе бидат вклучени и бројни комерцијални активности. Ал Итихад оваа сезона ја освои титулата во Саудиска Арабија.

Бензема е во Реал од 2009 година, а со клубот освои рекордни 25 титули. Меѓу другото, со Реал пет пати беше шампион на Европа и светот, а освои и четири титули во Примера.

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот