Утрински Весник
Спорт

Сабаленка ја мина Стивенс, следува „пресметка“ со Свитолина

Сабаленка ја мина Стивенс, следува „пресметка“ со Свитолина

Втората носителка и една од главните фаворитки за титулата на Ролан Гарос, Белорусинката Арина Сабаленка влезе во четврт-финалето на гренд слемот на земја по 7:6(5)/6:4 победа над Американката Слоун Стивенс.

dobivaj vesti na viber

Следно за неа е контроверзниот дуел со фантастичната повратничка на терените, Украинката Елина Свитолина, секако поради сите дискусии околу војната во Украина и наводната блискост на Сабаленка со белорускиот претседател, Александер Лукашенко. Сабаленка побара да има „ограничени“ прес-конференции во Париз, откако еден украински новинар инсистираше таа да одговара на политички прашања, по што тенисерката се пожали дека не се чувствува безбедно. Свитолина, од друга страна, исто како сите украински спортисти сметаат дека на Русите и Белорусите не им е место на интернационалните натпреварувања.

Против Стивенс, Сабаленка почна фантастично поведувајќи со 5:0 во првиот сет, но потоа Американката успеа да се врати и да примора тај-брејк, во кој Сабаленка имаше повеќе нерви. Во вториот сет, и беше доволен само еден брејк за победа и четврто гренд слем четврт-финале во низа.

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија