Утрински Весник
Спорт

И Тимчо Муцунски удри селфи со шампионскиот пехар на МЗТ Скопје (ФОТО)

И Тимчо Муцунски удри селфи со шампионскиот пехар на МЗТ Скопје (ФОТО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија десеттата шампионска титула откако и во третиот меч од финалната серија, прв во Битола, го победија Пелистер. Во дуксер со обележјата на клубот беше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој триумфот го завери и со селфи фотографии со тимот, и со шампионскиот пехар.

dobivaj vesti na viber

Општина Аеродром е сопственик на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.

„На играчите, Фамилија Аеродром и целиот стручен тим им ја честитам оваа победа, како и успешната сезона во која докажаа дека МЗТ Скопје останува неприкосновен шампион на Македонија. Најдобриот кошаркарски клуб во Македонија и понатаму ќе ја има безрезервната поддршка од мене и од Општина Аеродром. Продолжуваме со уште посилна поддршка за уште многу нови победи и спортски успеси“, објави градоналачникот на Аеродром на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство