Утрински Весник
Македонија

План во девет чекори на Претседавачот со ОБСЕ за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Османи за македонските ученици во Турција: Траумата ќе ги следи, но сите се добри, ноќеска ми испратија слика
Ss2

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово, соопшти Министерството за надворешни работи. Планот е во насока на постигнување траен мир и стабилност на северот на Косово и враќање на косовските Срби во институциите и демократските процеси.

dobivaj vesti na viber

Како прв чекор, планот превидува Косово и Србија да ја реафирмираат посветеноста кон основниот договор и Охридскиот протокол.

Ss1

Второ, Косово да ги повлече специјалните полициски сили, а Србија да ја намали борбената готовност на вооружените сили.

Трето, на полицијата на Косово, заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС, да им се овозможи во целост да се грижат за редот и безбедноста на земјата.

Четврто, протестите да се откажат и да се стават во функција општинските функции и услуги, за нормално функционирање на општествениот живот, и воедно им се дозволува пристап на вработените во општините.

Чекор пет, градоначалниците да поднесат оставки до летото оваа година, отворајќи го патот за предвремени општински избори.

Чекор шест, предвремени општински избори да се одржат оваа година.

Чекор седум, ОБСЕ ќе го поддржи изборниот процес, преку техничка поддршка на косовските власти кои ќе ги организираат изборите, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу заедниците.

Чекор осум, ОБСЕ ќе ги ангажира младите во програмите и процесите за помирување.

Чекор девет, ОБСЕ ќе ги стави своите капацитети на располагање за поддршка на имплементацијата со добра волја од двете страни на договорените одредби и продолжување на дијалогот.

Ss1

Можете да прочитате

Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Костадиновска-Стојчевска: „Битолски весник“ – пирејот на демократските и културните процеси