Утрински Весник
Спорт

Одбојкарките поразени од Естонија

Одбојкарките поразени од Естонија
Dik 300x250 mk

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во Сребрената Европска лига. Подобри од нашите одбојкарки беа Естонките кои важеа за големи фаворитки и пред почетокот на мечот. Го комплетираа триумфот со 0:3 во сетови (10:25, 14:25, 20.25).

dobivaj vesti na viber

Естонија на почетокот покажа сила и лесно го освои првиот сет, но македонските одбојкарки играа сѐ подобро како што одминуваше натпреварот.

Во вториот сет Македонија освои 14 поени, а во третиот даде навистина силен отпор и стигна до 20 поени.

На 10 јуни, македонските одбојкарки ќе играат повторно против Естонија, на гостински терен.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс