Утрински Весник
Свет

Протестот „Србија против насилството“ по петти пат се одржува во Белград

Протестот „Србија против насилството“ по петти пат се одржува во Белград

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.

dobivaj vesti na viber

Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството.

Барањата на протестот се разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, затворање на печатените медиуми, укинување на програмите и националните фреквенции на оние медиуми кои промовираат насилство, како и разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин, јави Бета.

На протест повикуваат опозициските пратенички групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо и Клубот Зелено-левичарски, но нагласуваат дека протестот не е политички.

Протестот првично беше најавен за вчера, но беше поместен за денеска, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово.

Тие организации исто така го преместија собирот за денеска.

Можете да прочитате

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Протекоа детали за голем пресврт во изборот на новиот папа: Овој кардинал предводен од 49 гласа, отишол на ручек, а потоа…

Минатиот месец бил вториот најтопол април во историјата