Утрински Весник
Спорт

Хамшик ќе се пензионира

Хамшик ќе се пензионира

Марек Хамшик (35) е еден од најдобрите словачки играчи на сите времиња и легенда на Наполи, реши да стави крај на кариерата. Хамшик ќе се пензионира како играч на Трабзон.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот играч за врска, кој остави најголема трага во Наполи, пред две години стана член на Трабзонспор, со кој потоа потпиша двегодишен договор. Хамшик одигра 47 натпревари за турскиот клуб и постигна четири гола и го освои турското првенство и Суперкупот во првата сезона.

Најплодниот дел од кариерата, Хамшик го имаше во Наполи. Дресот на овој клуб го носеше 12 години. Во тој период го надмина Диего Марадона по бројот на голови за клубот. Неговиот рекорд подоцна беше соборен од Дрис Мертенс.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина