Арнолд Шварценегер има само пофални зборови за Брус Вилис.
Неодамна, во интервју за „Синема бленд“ тој говореше за својот пријател и колега акциона ѕвезда.
Поранешниот гувернер на Калифорнија беше прашан дали Вилис мора да се пензионира поради неговото здравје.
„Мислам дека тој е фантастичен“, рече тој за Вилис.
„Брус сегоаш, со години и години, беше огромна, огромна ѕвезда. И мислам дека ќе остане запаметен како голема, голема ѕвезда. И љубезен човек.“
Семејството на Вилис минатата година објави дека тој се повлекува од актерството затоа што му била дијагностицирана афазија, состојба која може да ја попречи способноста за комуникација.
„Разбирам дека според неговите околности, што се однесува на здравјето, тој мораше да се пензионира,“ рече Шварценегер.
„Но, генерално, знаете, ние никогаш навистина не се пензионираме“, додаде тој. „Акциони херои, тие повторно се полнат, нешто како ресетирање.“
Вилис наполни 68 години во март.