Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Силна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, време е за глас за Европа

Јохансон: ЕУ да одобри влез во шенген-зоната за Хрватска, Романија и Бугарија

„Во македонското Собрание сега е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат до целосна интеграција во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

За тоа нашата држава има има силна поддршка од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД.

Пораките се многу јасни, имаме силна и недвосмислена поддршка и сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава.

Сега потребно е да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување.

Потребно е сите заедно да покажеме дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО.

Пораката од високите претставници на САД и ЕУ беше многу јасна: оние кои во нашата држава се против политиката на интеграција, нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери.

Затоа сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение