Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Патиките на Артан Груби чинат 138 евра на попуст

По потпишувањето на договорот Груби почна да носи патики кои чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Се огласија ДУИ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, носел скапи патики, кои чинеле колку една македонска просечна плата.

dobivaj vesti na viber

Oд партијата велат дека патики чинeле 138 евра, симнати на попуст од 212 евра.

„Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку „Гебелска пропаганда“. Затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат се уште Груевски како нивен лидер.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени кон Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби. Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“ велат од владејачката партија.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Артан Груби дека носел патики кои чинат колку една просечна македонска плата.

Можете да прочитате

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена