Утрински Весник
Свет

Лајчак: Ескалацијата на Косово е апсолутно непотребна и нелогична

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина
Ss2

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, оцени денеска дека настаните на северот од Косово се апсолутно непотребна и нелогична ескалација, нагласувајќи дека е можно само политичко решение преку постоечкиот дијалог.

dobivaj vesti na viber

На прашањето колку сегашната ситуација е удар врз напорите за воспоставување мир меѓу двете страни, Лајчак во интервју за „Дојче веле“ истакна дека по многу месеци преговори се постигнати два важни договори – договорот за патот до нормализација на односите во февруари, а потоа и анексот за имплементација во март во Охрид.

300x250 (7)

„Тоа значи дека имаме пат кон нормализација, имаме програма која јасно се занимава со сите отворени прашања. Почнавме да го спроведуваме тој документ и потоа се случи ова, што е сосема непотребно, но за жал предизвикува многу сериозни проблеми“, рече Лајчак.

Лајчак посочи дека не може да има нормализација и ескалација во исто време и нагласи дека е неопходно ситуацијата да се деескалира, и сите да работат на нормализацијата, на имплементација на документот.

„Да го немавме документот, ќе сфатев дека луѓето веруваат оти таквите дејства ќе успеат. Но, имаме договор, што никогаш порано не беше случај, така што навистина треба да се вратиме на имплементација на тој договор и нормализација,“ објаснува тој.

На прашањето дали распоредувањето на дополнителни сили на НАТО во регионот ќе помогне за деескалација на конфликтот, Лајчак рече дека тој може да се реши само политички, што значи преку постоечкиот дијалог.

Според него, НАТО одиграл многу важна улога, пред се во одржувањето на мирот на терен, но и во сегашната вжештена ситуација, во која единиците на КФОР ги раздвојувале Србите и косовската полиција.

„Со зајакнувањето на НАТО се зајакнуваат и гаранциите дека ќе се спречи понатамошна ескалација, но очигледно е дека НАТО не може да го реши ова – со сета моја почит кон НАТО. Не треба НАТО да го решава ова, ни треба политичко решение и очигледно е дека двете страни треба да го завршат својот дел“, нагласи Лајчак.

Тој смета дека причина за ескалацијата на северот на Косово е длабоката недоверба меѓу Србите и Албанците.

Лајчак потсети дека на изборите во четирите општини со мносинско српско население на северот од Косово излезноста била 3,4 отсто и дека новоизбраните градоначалници ги исполнувале законските критериуми, но дека, кога зборуваме за легитимност или репрезентативност, постои голем прашалник.

На прашањето што значи за односите на Србија со ЕУ тоа што Русија и Кина ја поддржаа позицијата на Белград, Лајчак вели дека тие изјави немаат вистинско значење за ситуацијата на терен.

„Ситуацијата на терен е дека имаме дијалог што го води ЕУ, кој е силно поддржан од сите 27 земји-членки на унијата, а многу силно го поддржуваат и САД. Двете страни се дел од овој дијалог“, рече Лајчак и повтори дека она што навистина е потребно е враќање на преговарачка маса.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум