Утрински Весник
Свет

ЦРЕА: Нафтената војна на Западот против Русија го губи момент

ЦРЕА: Нафтената војна на Западот против Русија го губи момент
Img 5587

Заработката на Русија од извозот на нафта е во пораст во последните неколку месеци и покрај ценовната граница наметната од Г-7 и другите ограничувања наметнати од Западот, покажува новата студија на Финскиот центар за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА).

dobivaj vesti na viber

Според ЦРЕА, приходите од нафта на Русија почнаа да закрепнуваат во март по остриот пад во февруари кога на сила стапија ограничувањата на цената на нафтата и рафинираните нафтени деривати од Русија и забраната во ЕУ за увоз на руската нафта преку море.

300x250 (7)

Во април, приходите од нафта се зголемија за дополнителни 6 отсто месечно, достигнувајќи го највисокото ниво од ноември минатата година.

Податоците на ЦРЕА покажуваат дека откако стапија на сила забраната за увоз и ограничувањата на цените, Русија генерирала вкупно околу 58 милијарди евра приход од извозот на нафта.

Експертите велат дека иако тековните приходи на Русија сè уште се значително пониски од истиот период минатата година, трендот на пораст покажува дека западните санкции за извозот на руска нафта го губат моментумот.

„Приходите од извозот на Русија во април беа значително намалени, главно поради влијанието на забраната за увоз во ЕУ и пониските цени на нафтата. Сепак, Русија успеа прв пат да го извезе својот главен тип сурова нафта [Уралс], по цени кои беа систематски над нивото на ценовното ограничување“, изјави Лаури Миливирта, главниот аналитичар во ЦРЕА.

Миливирта истакна дека ова укажува на големи дупки во спроведувањето на политиката за ограничување на цените, додавајќи дека ако тие не се поправат „ова ризикува засекогаш да го наруши механизмот за ограничување на цените“.

Аналитичарите истакнуваат дека враќањето на приходите е поттикнато од зголемувањето на извозните цени, околност што може да му се припише на Западот, кој ги постави ценовните ограничувања премногу високо.

„Приходите на Русија можеа да бидат намалени за 22 милијарди евра (37%) со поставување на ценовната граница на сурова нафта на 30 наместо на 60 долари за барел, и со соодветно ревидирање на ограничувањата за нафтените производи“, напишаа аналитичарите на ЦРЕА.

Тие истакнаа дека натамошното закрепнување на приходите од нафтата на Русија „ќе ги наруши влијанието и кредибилитетот на санкциите“.

 

Ss1

Можете да прочитате

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

Земјите од Африка и Блискиот Исток ги повлекуваат златните резерви од САД