Британскиот актер Бенедикт Камбербеч и неговото семејство биле изложени на закана од готвач со нож додека биле дома.
Џек Бисел, поранешен главен готвач во луксузен хотел, упатил серија закани кон актерот откога упаднал во неговиот дом во северен Лондон.
Бисел (35), кој во судот не понуди никакво објаснување за своето однесување, му кажал на актерот: „Знам дека се пресели овде – се надевам дека ова место ќе изгори до темел“.
Бенедикт, неговата сопруга Софи Хантер и нивните три деца – Кристофер, Хал и Фин – биле дома кога Бисел упаднал во нивниот имот и го откорнал домофонот од ѕидот пред да почне со заканите кон филмската ѕвезда.
Тој на крајот побегнал, но полицијата успеала да го пронајде со помош на ДНК-докази.
Бисел се појави во судот „Вуд грин крун“ во Лондон претходно месецов, каде што призна дека извршил казниво дело. Поранешниот готвач е казнет со 250 фунти и тригодишна забрана за приоѓање.