Утрински Весник
Спорт

Меси ќе го потпише најголемиот договор во историјата на спортот

Меси ќе го потпише најголемиот договор во историјата на спортот
Ss2

Лионел Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ и нема да се врати во Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ и покрај големите желби да го врати Аргентинецот, нема пари за да го финансира овој проект.

dobivaj vesti na viber

Меси, според шпанските медиуми, одлуката околу својата иднина ќе ја донесе наредната недела. Во овој момент тој има две опции, кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија или во САД.

Ss1

Ал Хилал, на Аргентинецот му го нуди најбогатиот договор во историјата на спортот. Доколку ја прифати понудата, Меси за две години ќе инкасира 1,2 милијарди евра.

Дејвид Бекам и Интер Мајами не можат да му понудат ваква плата, но му нудат некои други поволности, односно да заработи преку разни проекти во кој би бил инволвиран.

Ss1

Можете да прочитате

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале