Утрински Весник
Свет

Карл Билт: По последните настани нема да биде лесно да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина

Карл Билт: По последните настани нема да биде лесно да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина
Dik 300x250 mk

Поранешниот шведски премиер и поранешен висок претставник за БиХ Карл Билт денеска оцени дека по последните инциденти на Косово нема да биде лесно да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина.

dobivaj vesti na viber

„Нема да биде лесно да се врати дијалогот меѓу Белград и Приштина по настаните во изминатите неколку дена. Важно е да продолжи големата мировна мисија КФОР, но уште поважна е силната дипломатска акција на Европската унија и САД со цел да се спречи натамошно влошување на ситуацијата“, изјави Билт на Твитер.

Тој додаде дека дури тогаш во одреден момент работите ќе се вратат на подобар пат.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим