Утрински Весник
Свет

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите
Ss2

Илегалните српски структури претворени во криминални банди ја нападнаа косовската полиција, припадниците на КФОР и новинарите, изјави косовската претседателка Вјоса Османи во врска со настаните на северот на Косово.

dobivaj vesti na viber

Таа на својот Твитер напиша дека тие „неприфатливи акти на насилство“ треба да бидат осудени од сите.

300x250 (7)

„Оние кои ги извршуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го дестабилизираат северот на Косово мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Османи на Твитер.

Во Звечан и Лепосавиќ од утринава забележително е зголемено присуството на силите на КФОР, кои се опремени за разбивање на демонстрациите. Во попладневните часови во Звечан дошло до судир меѓу силите на КФОР и насобраните граѓани, биле фрлени шок бомби и солзавец како и камења и шишиња. Повредени се повеќе од 53 лица, три се задржани во болница,  едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави за Н1 Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон