Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ќе ги потпише законите за „Бехтел и Енка“, 60-часовна работна недела нема во указите што ги добил

Пендаровски ќе ги потпише законите за „Бехтел и Енка“, 60-часовна работна недела нема во указите што ги добил
300x250 (7)

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги потпише предложените измени на законите за олеснување на проектот „Бехтел и Енка“ кои Собранието ги изгласа во петокот. Тој образложи дека по неговите јавни изјави дека нема да потпише 60-часовна работна недела оти е неуставна, во указот што стигнал кај него, таков предлог немало.

dobivaj vesti na viber

Претседателот извести дека ќе ги потпише сите пет измени на законите, односно измени на Законот за работните односи, на Законот за експропријацијата, на Законот за урбанистичкото планирање, на Законот за градењето и Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

Img 5587

„Во однос на законот за именување и дополнување на законот за работни односи сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од уставниот суд која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа недела во текот на годината. Изминативе месеци дадов изјави дека нема да потпишам указ за прогласување на закон кој содржи одредба која претходно е оспорена од уставен суд и во таа насока новиот закон не ја содржи формулацијата 60 часовна работна недела. Изминативе денови направив низа консултации со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии од уставниот суд, и со советниците во мојот кабинет. Донесов одлука да го потпишам указот за донесување на овој закон и на останатите 4 закони“, рече претседателот Пендаровски.

Собранието ги изгласа петте закони за „Бехтел и Енка“ откога тие беа вторпат предложени. Првиот обид, кога измените на законите беа предложени од пратеници заглавија во собраниска процедура, а опозицијата недвосмислено кажа дека ќе ги блокира.

За да ја заобиколи блокадата, Владата ги предложи измените на петте закони со европско знаменце и покрај забелешките од амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, дека знаменцето е злоупотребено оти не се работи за усогласување со европското законодавство.

Ss1

Можете да прочитате

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога