Утрински Весник
Спорт

Де Лаурентис: Спалети е слободен како птица на гранка

Де Лаурентис: Спалети е слободен како птица на гранка
Ss2

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека тренерот Лучано Спалети ќе го напушти клубот. Спалети заминува како шампион на Серија А. Искусниот тренер по 33 години ја врати титулата во градот под Везув.

dobivaj vesti na viber

„Тој е слободен како птица на гранка. Кога некој ќе дојде кај вас и ќе ви каже дека заврши еден циклус во животот, што можете да направите? Дали треба да приговарате на тоа. Ми рече дека сака да одмори една година. Се согласив. Го испорача она што го побарав од него и за тоа сум му благодарен, му посакувам се најдобро. Тој е одлична личност и тренер. Треба да го прави она што го сака. Јас го почитувам неговиот избор и покрај важечкиот договор“.

Img 5587

Де Лаурентис уште еднаш напомена дека следната цел е да го добие под управа стадионот „Диего Армандо Марадона“, во спротивно…

„На моја иницијатива стадионот го доби името по Марадона. Сега сакам да направам нешто за сите играчи на Наполи, да го средиме стадионот. Или градот Неапол ќе ни го даде стадионот да управуваме со него во следните 99 години или ќе одам и ќе изградам нов стадион во Казерта. Сакам мултифункционален стадион кој може да работи седум дена во неделата, да има свој музеј, да има можност да се одржуваат концерти, па дури и луѓето да можат да се венчаат таму ако сакаат“.

Ss1

Можете да прочитате

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале