Утрински Весник
Свет

Ердоган на чекор до победа – почна славење, стигаат и честитки

Ердоган сè уште не попушта: блокада за Шведска во НАТО, бара да се исполнат условите

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган е на прагот на победа во вториот круг од претседателските избори, откако претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК), Ахмет Јенер, официјално истакна дека се пребројани 75,42 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови“, рече Јенер во изјавата за медиумите во Анкара.

Поддржувачите на Ердоган веќе се собираат пред претседателската палата во Анкара, каде што почна прославата.

Турскиот јавен сервис ТРТ соопшти дека излезноста во вториот круг била нешто помала од првиот круг, бидејќи на гласање излегле 84,58 отсто од гласачите.

Честитка до Ердоган веќе упати премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

 

Можете да прочитате

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе

Напад на Парадата на гордоста во Берлин, едно лице загина

Сообраќајка на автопат во Германија, над 30 повредени