Утрински Весник
Македонија

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Мицкоски по обвинувањата на Ковачевски: Веднаш да достави докази, ако е така се повлекувам од политиката

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што кажа премиерот, разговорите би биле на две теми – одлуки за интеграција во ЕУ и усогласување на ставови за односи со сите соседни држави.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски мора прво да си ги среди своите ставови, јас планирам да го поканам во наредните 10 дена на средба“, рече Ковачевски.

По најавата за лидерската средба одговор стигна и од ВМРО-ДПМНЕ. Од тука велат дека кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време.

Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди.

Можете да прочитате

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин