Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мечка упадна во пекара и изеде 60 колачиња

(Видео) Мечка упадна во пекара и изеде 60 колачиња

Гладна црна мечка упаднала во гаража на пекара во Авон, Конектикат, исплашила неколку вработени и изела 60 колачиња пред да замине.

dobivaj vesti na viber

Вработените во пекарницата Taste by Spellbound во Авон Тауншип ставале колачиња во комбе за испорака кога се појавила мечката, јавува АП.

Сопственичката на пекарата, Миријам Стивенс, во објава на Инстаграм напишала дека ја слушнала вработената Морин Вилијамс како вреска и вика дека во гаражата влегла мечка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miriam Hope (@tastebyspellbound)

Мечката изела 60 колачиња.

Пекарот конечно ја избркал мечката со сирена од автомобилот, изјави Вилијамс.

Четириножниот крадец си заминал додека пристигнаа полицајците и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат (DEEP).

За среќа, во овој инцидент нема повредени.

Статистиката составена од одделот покажува дека имало рекордни 67 извештаи за мечки кои влегле во домовите во Конектикат во 2022 година. Претходниот рекорд беше 45 во 2020 година.

Помеѓу 1.000 и 1.200 црни мечки живеат во Конектикат.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста