Утрински Весник
Свет

Рама: Акцијата на косовската полиција на северот е сосема непотребна

Рама: Акцијата на косовската полиција на северот е сосема непотребна

Дали ова што се случува на Косово го помага процесот во кој сите пријатели на Косово и Албанците се ангажирани во процесот на нормализација и меѓусебно признавање на Косово и Србија, праша вечерва албанскиот премиер Еди Рама и додаде дека тоа секако не е така, бидејќи „Тие се наши големи пријатели и изрази длабока загриженост“.

dobivaj vesti na viber

„Им се придружувам во повикот да не се продолжи со вакви потези, бидејќи тоа не само што е опасно, туку е сосема непотребен пат денес“, објави Рама на Твитер, алудирајќи на настаните на северот на Косово.

„Тоа е непотребен пат во време кога демократскиот свет инвестираше се во дијалогот, нормализацијата и меѓусебното признавање на Косово и Србија и кога е во центарот на вниманието на САД, Албанија и Европската унија“, изјави Рама.

Повеќе од десетина припадници на косовската специјална полиција рано денеска со џипови пристигнаа во зградите на локалната самоуправа во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

Косовската полиција интервенираше со фрлање солзавец и шок-бомби врз граѓаните на северот на Косово во Лепосавиќ и Звечан, кои се собраа за да ги спречат новите општински градоначалници, избрани на изборите бојкотирани од Србите, да влезат во зградите на локалната власт.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња