Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг: Можевме да му дадеме уште некој гол на Челси

Тен Хаг: Можевме да му дадеме уште некој гол на Челси
Img 5587

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ја прокоментира победата на неговиот тим против Челси со 4:1. Холандскиот стратег ги пофали своите играчи за одржување на концентрацијата која ги доведе до конечниот успех, со кој обезбедија и пласман во ЛШ за следната сезона.

dobivaj vesti na viber

„Сакавме да победиме и покажавме победнички став. Челси има извонредни играчи, но ние бевме навистина добри во контранападите, бевме навистина опасни. Како резултат на тоа, успеавме да постигнеме четири гола. Требаше да постигнеме повеќе, но и тие можеа да постигнат уште некој гол. Сè уште можеме да завршиме на третото место во Премиерлигата оваа сезона. Важно беше да ја задржиме концентрацијата и во исто време да не дозволиме повреди“, изјави Тен Хаг.

Img 5587

Успехот му обезбедува на Манчестер Јунајтед место во Лигата на шампионите следната сезона, што ќе биде прв настап на „црвените ѓаволи“ на „турнирот на богатите“ од 2021 година.

„Ѓаволите“ се подготвуваат и за финалето на ФА купот на Англија, каде за ривал ќе го имаат Манчестер Сити.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари