Утрински Весник
Свет

Лавров ѝ порача на Америка: Атлантскиот океан нема да ве спаси

Лавров ѝ порача на Америка: Атлантскиот океан нема да ве спаси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Атлантскиот Океан не ја гарантира безбедноста на Америка.

dobivaj vesti na viber

„Вашингтон верува дека неговото самоодржување го гарантира Атлантскиот океан, голема грешка е ако се обидуваат да го турнат светот на работ на третата светска војна. Засега Вашингтон ги поттикнува своите европски сателити против Русија, мислејќи дека тоа ќе помине неказнето“, рече Лавров во интервју за новинарот Павло Зарубин.

Претходно министрите за одбрана на Белорусија и на Русија, Виктор Хренин и Сергеј Лавров во Минск потпишаа документи со кои се дефинира процедурата за складирање на руското нуклеарно оружје во специјално складиште на белоруска територија.

 

Можете да прочитате

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје