Илчо Ѓорѓиоски не е веќе тренер на грчкиот второлигаш Каламата. Откако Ѓорѓиоски даде своја изјава во грчките медиуми и истакна дека Каламата не овозможила добри услови за работа и го променила првичниот договор со него, реагираше раководството на Каламата.
Грчкиот клуб со соопштение се огласи во јавноста и тврди дека промената во договорот била затоа што Илќо Ѓорѓиоски имал тренерска про-лиценца во која стоело името Македонија.
„Карактерот и однесувањето на г-динот Ѓорѓиоски и додека беше на клупата на нашиот тим, не убеди дека тој не е вистинскиот човек за оваа позиција. Уште еднаш сам ги собра новинарите за да искаже работи кои не доликуваат. Тој пред месец и половина прекина секаква комуникација со претседателот и не го информирал за случувањата во екипата и дали има некои проблеми. Кажа дека не му се допаѓале условите, тогаш зошто ја презеде екипата откако беше запознаен со сите услови? Промената на неговиот договор е направена поради тоа што во оригиналот имаше УЕФА про лиценца со име Македонија, и грчкиот фудбалски сојуз не му ја признаваше. Самиот побара смена на тренерот на голманите, и го прифативме неговото барање. Кога беше ангажиран, преодниот рок беше завршен. Никој нема влијание во клубот, било да е новинар или навивач. Најсмешно е тоа што вели дека играчите немаат победнички менталитет. Ни вели дека го загубил мечот со Калитеа, а поразите од Кифисија и Егалео треба да ги бараме на друго место, ама не кажа каде. Ќе мора да објасни пред надлежните органи. Каламата е семејство и има единствно меѓу претседателот и акционерите и сите работиме да го вратиме клубот каде му е местото. Во Супер-лигата со Мурињо или без него…“, стои во соопштението на клубот.