Утрински Весник
Спорт

Лекип: ПСЖ ќе го отпушти Галтие

Лекип: ПСЖ ќе го отпушти Галтие
Ss2

ПСЖ следната сезона нема да ја води Кристоф Галтие, објави „Лекип“. Епологот е очекуван бидејќи ПСЖ со Галтие доживеа фијаско во Лигата на шампионите. „Светците“ најпрвин не успеаја да го освојат првото место во групата, а потоа во осминафиналето беа елиминирани од Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

„Лекип“, пишува дека деновиве клубот добро ќе размисли кого да донесе на местото на Галтие. Новиот тренер ќе траба да направи целосна реконструкција на тимот, во кој нема да бидат големите ѕведи Лионел Меси и Нејмар.

300x250 (7)

Првото име на списокот е актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот со преселба во Париз би имал можност да се врати на најголемата сцена и повторно да се бори за титулата европски првак.

Конкуренти за работата во Париз се тренерот на Болоња, Тиаго Мота и Марсело Гаљардо, кој е без работа откако ја напушти Ривер Плата.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари