Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Го испивме целиот алкохол и 40 часа подоцна покажавме зошто сме шампиони

Гвардиола: Го испивме целиот алкохол и 40 часа подоцна покажавме зошто сме шампиони

Манчестер сити освои бод на гостувањето кај Брајтон (1:1) во одложениот натпревар од 32. коло на Премиер лигата. Сити претходно ја обезбеди титулата пред Арсенал, а како славеле, тренерот Пеп Гвардиола откри по ремито со Брајтон.

dobivaj vesti na viber

„Фантастична игра, му честитам на Брајтон за заслуженото место во Лига Европа и за начинот на кој што го одиграа овој натпревар“, изјави Гвардиола за „Скај спорт“ и продолжи:

„Мислам дека го испивме целиот алкохол во Манчестер, а потоа 40 часа подоцна покажавме зошто сме шампиони. Не забележав пад во нашиот интензитет и реализацијата на идеите во текот на натпреварот. Тоа само ми покажа што успеавме да направиме оваа сезона Оваа сезона победивме на теренот, никој ништо не ни подари“.

Манчестер сити до крајот на сезоната ќе се бори за тројната круна. Покрај Премиер лигата, во која се уште играат против Брентфорд, избраниците на Гвардиола ги очекуваат финалето на ФА Купот против Манчестер јунајтед и финалето од Лигата на шампионите со Интер.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ