Утрински Весник
Магазин

Тина Тарнер – жена која имаше неверојатен глас и енергија

Тина Тарнер – жена која имаше неверојатен глас и енергија
300x250 (7)

Тина Тарнер беше еден од оние музички феномени кои со текот на времето ги надминаа не само жанрот и минливите трендови, туку и сите пречки со кои се соочуваа афроамерикнаските музичари.

dobivaj vesti na viber

Таа беше посебен вид на музичка легенда чија големина најверојатно никој нема да може да ја достигне.

Ss1

Енергична, самоуверена… можеше да се препознае по нејзината силуета, фризурата која совршено одговараше на дивата и незауздана сила со која зрачеше.

Таа беше кралица на рокот, нејзиниот длабок и карактеристичен вокал не може да се помеша со која било друга пејачка пред или по неа.

Накратко, таа беше единствена.

По повеќе од 50 години кариера, Тина го одржа својот последен концерт во Шефилд на 5 мај 2009 година. Тогаш 69-годишната дива одлучи дека повеќе нема да пее. Таа им изјави на новинарите на Би-би-си години подоцна: „Тоа беше одлична изведба, навистина прекрасна. Но, тоа е тоа. Нема шанси за враќање на сцена.“

Половина век неуморни турнеи и концерти оставија белег врз неа. Многу вечери поминати во автобус, авион, автомобил или хотел.

„За мене постоеше само еден живот. Во еден момент решив дека повеќе не сакам да танцувам и пеам. Сакам да седам дома и да бидам нормална,” рекла таа.

А нејзиниот дом беше вила во близина на Куснахт на брегот на Циришко езерото, каде што живееше од деведесеттите. Тоа беше местото каде конечно најде мир во прегратките на својот сопруг, Германецот Ервин Бах.

Долго време се криеше фактот дека во последните години од животот била тешко болна.

По нејзината смрт во средата Мик Џегер напиша на „Инстаграм“: „Тажен сум поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер. Таа беше неверојатно талентиран изведувачка и пејачка. Таа беше инспирација. Топла, духовита и дарежлива. Ми помагаше кога бев млад и никогаш нема да ја заборавам“.

Ss1

Можете да прочитате

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз

Новата пропагандна песна на Северна Кореја стана вирален хит на ТикТок

Жителите на Малага планираат демонстрации против приливот на туристи во нивниот град