Утрински Весник
Свет

84-годишна баба ограбила нејзина врсничка: уапсена старица во Подгорица

84-годишна баба  ограбила нејзина врсничка: уапсена старица во Подгорица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рабија А.(84) од Подгорица е уапсена поради сомнение дека на 12 мај со стап ја претепала нејзината сограѓанка и врсничка С.Ѓ. и и украла златен ланец, кој по кражбата го продала во златарница.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата велат дека Рабија А. влегла во куќата на С.Ѓ во населбата Толоши и побарала од неа да и ги предаде парите.

Кога С.Ѓ. не и дала пари, Рабија и го скинала златниот синџир од вратот и ја претепала со дрвен стап, а потоа се оддалечила од оштетената куќа – велат од полицијата, пренесуваат медиумите во соседството.

На оштетената старица и биле констатирани полесни повреди, а полицијата открила кој ја тепал и ограбил.

„Идентификувана и пронајдена е Рабија А., која на 22 мај беше уапсена, а потоа донесена на распит во обвинителството. Таа се товари за кривично дело разбојништво“, објаснуваат од полицијата.

По апсењето Рабија на инспекторите им кажала дека пленот го продала во златарница во Подгорица.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски