Утрински Весник
Свет

„Послушајте ме или ќе фрлам граната“, руски педофил од бојното поле пред училиште

„Послушајте ме или ќе фрлам граната“, руски педофил од бојното поле пред училиште

Веќе со месеци во Русија пристигнуваат вести за бројни убиства и силувања од поранешни затвореници кои се бореле на страната на Вагнер во Украина, пишуваат регионалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Последниот случај, според извештаите, доаѓа од градот Новосибирск. Педофилот кој во руските медиуми бил именуван само како Сергеј, директно од бојното поле отишол во училиште каде силувал две девојчиња. Едното имало десет години, а другото 12 години. Пред нападот тој извикувал.

„Послушајте ме, или ќе фрлам граната“.

Тој според написите ги киднапирал девојчињата, ги однел во блиската гаража и таму сексуално ги нападнал. Девојките веднаш им кажале на родителите што се случило, а тие случајот го пријавиле во полиција.

Сергеј веднаш бил уапсен и го признал делото. Судот, како што пренесуваат медиумите во регионот, му одредил двомесечен притвор, а доколку биде осуден му се заканува затворска казна од 15 до 20 години.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70